Македонија

Почина двегодишно дете од Ресен, хоспитализирано во битолската болница

Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје, починало на Детската клиника со ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори. Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот вчера утрото, како итен случај од Битола и интубирано. С

Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.

„Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.

Претходно, во битолската болница имаше случај на мртвородено бебе, но почина и бебе при пораѓање на родилка. Во битолската болница, пред неколку месеци, почина и петогодишната Јана Христовска.

На почеток