Македонија

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, за превенирање инциденти на спортски натпревари

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, за превенирање инциденти на спортски натпревари

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Тетово и Штип во текот на вчерашниот ден реализираа низа превентивни активности од области важни за локалната заедница и генерално од општ јавен интерес, извести МВР.

Така, на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена активност за превенција од имотни деликти (кражби и измами) со посебен нагласок на информирање на граѓаните за начините за заштита од имотни деликти и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на случаите, велат од МВР.

На подрачјето пак, на СВР Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип пред спортската сала на ОУ „Тошо Арсов“ и Градскиот стадион во Штип, спроведе превентивна активност во рамки на проектот „Да навиваме спортски и безбедно“. Во текот на активностите беа поделени и летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им беше укажано дека не смее да се истакнуваат транспаренти, знамиња и други предмети со текст или слики што поттикнуваат омраза и насилство и дека за својот клуб треба да се навива спортски. На граѓаните им беа презентирани и основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, се додава во соопштението на МВР.

Макфакс

На почеток