Охрид

Пецаков: Решивме проблем кој подолг период претставуваше потешкотија за жителите на Велгошти

„Решивме проблем кој подолг период претставуваше потешкотија за жителите на Велгошти“, објави Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Тој додаде:

„Изминатите денови го асфалтиравме патот кој води до новите гробишта во Велгошти. Средства за овај зафат ги обезбедивме од буџетот на Општина Охрид“.

На почеток