Коментари

За несреќа овој човек на ниво на петтооделенец е министер за надворешни работи на Македонија, вели Најчевска за Османи

Професорката по право Мирјана Најчевска смета дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е на ниво на петтооделенец. Таа ја искоментира неговата изјава: „Војната претставува најголемо прекршување и оспорување на меѓународните правила и обврски“ и потоа праша: Па, објаснете ми: кој добива од оваа војна?”.

„За несреќа овој човек на ниво на петтооделенец е министер за надворешни работи на Македонија и во моментов ја претставува Македонија како преседавач со ОБСЕ и овие петтооделенски дилеми ги сподели со највисоките претставници на државите во Советот на безбедност на ООН“, напиша Најчевска.

Професорката е гласен критичар на состојбите во Македонија.

На почеток