Кој го скрои Кривичниот законик: Правда ја откри групата, дел од нив демантираат
„Само прашај“ доби одговор од Министерството за правда кои се членовите или експерти на работната група која ги подготви штетните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за кривичните дела од областа на корупцијата, злоупотребата на службена положба и злосторничко здружување, како и рокот за нивно застарување.
„Во врска со вашето барање за да ви се достави информацијата кои се членовите/експертите на Работната група која ги подготви измените на Кривичниот законик кои беа донесени со европско знаменце, Министерството за правда ве известува дека согласно Решението бр.21 512/11 од 15.12.2020 година именувани се следните членови:
Претседател: Академик проф. д-р Владо Камбовски – член на МАНУ
Африм Фидани – судија во Врховниот суд
Цветанка Периќ– судија во Врховниот суд
Тања Милева – судија од Апелацискиот суд во Скопје
Зоран Димитриевски – од Апелацискиот суд во Скопје
Данка Ристова – од Апелацискиот суд во Штип
Мери Тромбева – виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство од Битола
Вјолца Елмази – јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство од Гостивар
Вилма Русковска – основен јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
Сашо Рајчев – јавен обвинител од Основното јавно обвинителство на Скопје
Гаврил Бубевски – главен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје
Даниела Алексовска Стојановска – судија во Основен Кривичен суд Скопје
Марија Џабирова Велков – јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје
Татјана Поповска – Буловски – адвокат претставник на Адвокатска комора
Никола Главинче – адвокат претставник на Адвокатска комора
Никола Тупанчески –професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ на УКИМ
Александра Деановска – Трендафиловска – професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ
Беса Арифи – професор на Правниот факултет на Универзитетот Југоисточна Европа
Елена Мујоска – Трпеска – претставник од МАНУ
Трајан Богоевски – началник на Сектор за економски криминал и корупција БЈБ МВР
Вилдан Дрпљанин – Хелсиншки комитет и заменик Жарко Хаџи-Зафиров претсавник на Блупринт групата за правосудство
Проф. д-р Јетмире Зеќири – професор на Унверзитетот во Тетово
Никола Прокопенко – државен советник во Министерство за правда
Николина Миќеска-Костадиновска – Министерство за правда
Проф. д-р Африм Османи – професор на Правниот факултет при државниот универзитет од Тетово
Бесник Сулејмани – адвокат од Куманово
Академик Камбовски, професорот Тупанчески и обвинителот Бубевски за Само прашај демантираат дека учествувале во измените на Кривичниот законик.
„Интересно е што за потребите на првичната анализа, од некои од членовите на работната група добивме ставови дека не знаат ништо за измените и дека не биле консултирани за нивната содржина. Еден од клучните членови, дури, нѝ рече дека текстот на измените бил скриен од него иако барал да го види“, пишува Самопрашај.мк.