Скопје

Исчезнат е Алибен Абдул, семејството трет ден трага по него

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден во петокот (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца. Семејството и пријателите се во потрага насекаде веќе трет ден.

„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон.

Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. 

Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток