Скопје

(ВИДЕО) Што се гори во Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир ?

Густ црн чад излегува од оџакот на Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир. Што се гори таму?

Денеска на Фејсбук се појави видео преку кое граѓани на Скопје покажуваат дека сите допренесуваат за загадувањето на главниот град.

Што се гори во Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир?

Што се гори во Гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ во Чаир?

Posted by skopje1.mk on Sunday, February 3, 2019

Во моменти кога Скопје и Македонија се гушат и се рангирани на табелите како најзагадени а светско ниво, граѓаните самоиницијативно се трудат да ги детектираат загадувачите. Секојдневно на соцојалните мрежи се појавуваат видеа преку кои се покажуваат кој се загадува.

На „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот. Овие податоци веќе два месеци Скопје и уште неколку градови во Македонија ги рангираат на високите три позиции, како најзагадени градови во Европа, па дури и во Светот.
Деновиве сме сведоци и на мирни протести во главниот град, во организација на група граѓани кои, како што велат, се загрижени за состојбата на воздухот и на тој начин сакаат да го искажат својот револт.

Тие порачуваат дека проблемот со загадувањето одамна требало да биде решен. Властите, институциите и сите надлежни досега, како што велат се обидуваат да дознаат кои и се главните причинители, а веќе требаше да биде решена состојбата.
Меѓу барањата на граѓаните се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи. Очекуваат од граѓаните да ги поддржат и заедно да ги надополнат барањата за изнаоѓање најдобро решение.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток