На 02.02.2019 година во 15.50 часот на улица „Арсени Јовков“ во Скопје, непознато патничко возило, управувано од непознат возач удрило во пешакот Л.Ш.(74) од Скопје и го напуштил местото. Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.