Македонија

Стефковски: По многу години, Брњарци ќе добие водоводен систем во вредност од 7,8 милиони денари

Стефковски: По многу години, Брњарци ќе добие водоводен систем во вредност од 7,8 милиони денари

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го посети населеното место Брњарци.

„Денес, означуваме почеток на нов водоводен систем за ова населено место, проект што опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километра, чија вредност изнесува 7,8 милиони денари. Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми на граѓаните, а доказ за тоа е и реализацијата на овој проект со кој по многу години ова населено место првпат ќе добие пивка вода за пиење“, рече Стефковски.

„Како Општина реализираме и други проекти во повеќе населени места. И интензивно се работи и на асфалтирање на повеќе локални улици во населените места во општина Гази Баба. Во моментот се работи и на изградбата на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево. И многу бргу од денес секое домаќинство во Црешево ќе биде поврзано на фекална канализација. И можам да најавам уште еден голем проект, а тоа е за неколку дена од сега ќе го отвориме новиот објект, кој ќе биде наменет за дневен центар за деца со посебни потреби. Во наредниот период ќе реализираме и многу други проекти за кои заедно ќе бидеме сведоци“, изјави градоначалникот на општина Гази Баба.

На почеток