Македонија

Без струја делови од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром

Без струја делови од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Милан Марковиќ, како и дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов од општина Карпош.

Без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата Лондонска бр.4 – влез 1 – зградата на БИСИ во општина Карпош, а во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Јустинијан Први лоцирани на излезот кон село Студеничани во општина Кисела Вода.

Како што информира ЕВН без електрична енергија во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ќе останат корисниците од улица Божин Николов – Силни лоцирани на потегот од основното училиште до каналот во општина Аеродром, а во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица Јуриј Гагарин бр.17 – влез 1, улица Васил Ѓоргов бр.26 и бр.47, како и објектите на Центарот за Рехабилитација, дирекција Бетон и старата амбуланта во општина Карпош.

На почеток