Македонија

Сончево со мала локална облачност и умерен ветер

Сончево со мала локална облачност и умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Продолжува периодот на релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност. Во четврток ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

На почеток