Македонија

Битолчанец со дрвен предмет нападнал сограѓанин

Битолчанец со дрвен предмет нападнал сограѓанин

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 37-годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело насилство по член 386 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 30.9.2023, во угостителски објект во комплексот „Нов пазар“ во Битола, пријавениот физички и со дрвен предмет нападнал 38-годишник од Битола.

По преземените мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот.

Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

На почеток