Магазин

Џенифер и Бен фотографирани додека се расправаат во автомобил

Џенифер и Бен фотографирани додека се расправаат во автомобил

Работите изгледа станале напнати меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек.

dobivaj vesti na viber

Папараците го уловија холивудскиот пар во тек на сериозна расправија во автомобил во Лос Анџелес изминатиов викенд. Според некои таблоиди, Џенифер и Бен се расправаат по неговиот интимен момент со поранешната сопруга.

На фотографиите до кои дојде „Пејџ сикс“, Афлек зборува и гестикулира со рацете додека седи на возачкото седиште во својот автомобил додека Лопез слуша со лут израз на лицето.

За што се расправале сè уште не се знае, но странските медиуми шпекулираат дека расправијата има врска со претходно објавените фотографии во таблоидите, на кои Бен е во автомобил со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и на кои се чини дека се многу блиски.

Минатиот месец Афлек и Гарнер беа уловени како се прегрнуваат пред таа да излезе од неговиот автомобил. Со нив беше и нивната ќерка Серафина.

Извори тврдат дека латино-дивата е гневна и љубоморна поради неговата блискост со поранешната сопруга.

Набргу потоа се појавија други слични фотографии, на кои се гледа како Гарнер влегува во автомобилот на Бен, овој пат со нив не е ниту едно од нивните деца. Ова очигледно ја разгневило сегашната сопруга, тврдат извори.

Во август парот ја прослави првата годишнина од бракот. Двојката се венча во август минатата година на раскошна церемонија на имотот на Афлек, Рајсборо, во Џорџија. Џеј Ло и Бен се запознаа на снимање филм во 2001 година. Тие почнаа врска неполна година подоцна, кога и се свршија, но ја одложија венчавката закажана за септември 2003 година. Се разделија во 2004 година. Сепак, пред две години парот ја обнови својата љубовна приказна.

Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2015 година и имаат три деца.

Бен Афлек, овде со Џенифер Гарнер во 2012 година, се најде на насловните страници пред две недели среде интимен момент со својата поранешна сопруга додека доаѓа по нивната ќерка Серафина.

На почеток