Македонија

Да се збогуваме со топлото време – временска прогноза

Времето утрово ќе биде свежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Утре и задутре во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

На почеток