Македонија

Болест го одложи судењето за Жан Митрев, но се судеа Лазаров и Латас

Од три закажани судски рочишта во Кривичниот суд, се одложи само едно, за доктор Жан Митрев.

„Клиника Жан Митрев“ кое рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот од здравствени причини. Станува збор за обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница Филип Втори, за кривично дело „измама”. За ова дело е предвидена казна затвор од една до 10 години. За Митрев е поднесен обвинителен акт, а за правното лице, болницата, кое може да се казни само парично, поднесен е обвинителен предлог.

Се одржа и рочиштето за предметот „Латас-Лазаров“ на кое рочиште беа изведени докази предложени од првообвинетиот. Станува збор за предмет против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутуберот Стефан Лазаров, за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Се судеше и „27 април-организатори“ на која јавна седница се произнесоа странките по однос на жалбените наводи. Предметот е против поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

На почеток