Полициски службеници, припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, утре – среда и задутре – четврток, со почеток од 8 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за бојно гаѓање со огнено оружје.
Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“.
Пред почетокот на бојното гаѓање полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.
Апелираат до граѓаните што се движат кон стрелиштето „Бејбунар“ да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон насоките на полициските службеници.