Македонија

Директорот на Заев: Се враќам и влегувам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил.

Сега, за „Фокус” вели дека ја прекинал постапката за азил, а по процедурата која траела околу еден месец, и откако ќе му бил вратен пасошот, тој си доаѓал дома.

Причината за неговото заминување беше тоа што се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра, а како што во претходно интервју појсани за ,,Фокус”, заминал во Германија за да бара азил, бидејќи сфатил дека може да се соочи со над осум години затворска казна.

На почеток