Македонија

Голем пожар во атарот на Зелениково

Голем пожар во атарот на Зелениково

Голем пожар во општина Зелениково помеѓу селата Вражани и Моране, соопшти ЦУК.

„Гори висока, сува трева, нискостеблесто деградирано, смрека и млада дабова и габерова шума. Екипи на БППЗ Скопје со возила се на терен, но еден крак од пожарот е веќе развиен кон висок и непристапен терен“, информира ЦУК.

Додаваат дека поради теренската процена, која укажува дека е неопходна воздушна поддршка, испратен е еден хеликоптер на МВР да помогне во гаснењето на пожарот.

На почеток