Македонија

Им наплаќал во готовина на барателите на јавен простор за неготинскиот панаѓур: кривична за вработен во Општината

Им наплаќал во готовина на барателите на јавен простор за неготинскиот панаѓур: кривична за вработен во Општината

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М. Д. (41) од Неготино поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, пријавениот, во периодот од 14.9.2023 до 21.9.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“ им наплаќал во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари нанесувајќи му штета на буџетот на Општина Неготино.

На почеток