Македонија

Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за насилство.

dobivaj vesti na viber

На 30 септември, во кафе-бар на улицата Генерал Васко Карангелевски во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина почнал да го удира со тупаници по главата нанесувајќи му телесни повреди.

Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај другите присутни гости во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.

На почеток