Македонија

При претрес на подрачјето на Ѓорче Петров пронајдена дрога, приведени 4 лица

При претрес на подрачјето на Ѓорче Петров пронајдена дрога, приведени 4 лица

Вчера, во 19.40 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д. П. (20), Д. М. (19) и двајца малолетници, сите од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на Д. П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д. М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашеста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, а кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашеста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток