Македонија

(Фото) Активисти спречувале багери да го уништуваат Кожуф, каде се цели да се направат хидроцентрали

Активистот Саше Јанчев сведочи дека биле пуштени багери на планината Кожуф со цел да се градат мали хидроцентрали. Тој посочува дека благодарение ја реакцијата од активистите, тие си ги собрале машините и заминале.

„Луѓето кои пуштија багери на Кожуф со цел да прават мали хидроелектрани на реката Дошница си ги собраа багерите и си заминаа. Ова не е конечна победа но е уште еден доказ дека борбата не е залудна и дека ако народот реши да се бори нема како да биде поразен. Не постои лесна борба, но не постои ни непобедлив непријател, освен еден, дефетизмот.
Тоа е така оти дефетизмот не зависи од непријателот ами од самите нас. Тоа е онаа појава на низок борбен морал преку која секој еден народ се поразува сам себе предавајќи се без борба или откажувајќи се од борбата. Дефетизам во врска со Кожуф нема. Затоа нема да ги има и овие мали хидроелектрани на Дошница и затоа Кожуф ќе биде национален парк!“, напиша Јанчев.

Инвеститорите, постапките за овие два објекта започнале прeд шест-седум години и веќе е издадена дозвола за хидроцентрали, но сепак дека ќе се побара и мислење од граѓаните.

„На барање на населението кое е против изградба, министерката за животна средина ги информираше дека таа постапка е водена со години и е завршена согласно со законските процедури. И дека раскинувањето на договорот значи плаќање на пенали и обесштетување на инвеститорите, бидејќи тие добиле дозвола согласно со закон, согласно со законски водена процедура“, рече Ковачевски во септември, но додаде и дека не знае зошто досега граѓаните не го кажале својот став и дека Владата ќе ги сослуша.

На почеток