Вчера, околу 16.20 часот, на улицата Киро Ристевски-Дрнц од слобода бил лишен 34-годишниот И. Е. од Република Турција со привремен престој во Тетово.
Тој половина час пред тоа бил пријавен од 38-годишната сопруга дека претходниот ден физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.