Македонија

(Фото) Бранко не се јави, но се појави.

“На Западниот Балкан не му е потребен политички симболизам, туку, конкретна политичка одлука”, напиша претседателот Стево Пендаровски кој сподели фотографии со експретседателот Бранко Црвенковски.

Пендаровски додава:

Ако навистина има амбиција да биде геополитички играч, Европската Унија мора прво да го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција на Западниот Балкан.

“Наместо реактивен, потребен е проактивен пристап, како од државите од Западниот Балкан, така и од Европската Унија. Нашите држави мора да ги удвојат напорите за суштински европски реформи неопходни за владеење на правото и функционални и одговорни институции. Истовремено, Европската Унија мора да покаже поголема грижа за регионот.

Обраќање на Балканската лидерска конференција, во организација на Подгоричкиот клуб и Универзалната Мировна Федерација”.

Црвенковски не објави ништо за средбата.

На почеток