Македонија

За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од партјата ВМРО-ДПМНЕ велат дека Оливер Спасовски од пред 8 години е на функцијата министер за внатрешни работи и тој е најодговорен за мафијашките пресметки кои се случуваат среде бел ден, во центарот на Скопје, во трговски центри, пред очите на граѓаните.

„Тој е најодговорен за нарушената безбедност на граѓаните. Тој е најодговорен за тоа што царува криминалот и неказнивоста. Престрелката од пред два дена во трговски центар во која има две тешко ранети лица, не е прва. Оваа престрелка е само една во низата мафијашки препукувања во кои досега настрадаа десетици лица. Се пукаа на улици, на паркинзи, во хотели, барови и каде ли уште не, и тоа цело време во мандатот на Оливер Спасовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дополнуваат, очигледно е дека нарко картелите или се чувствуваат доволно заштитени од структури во власта за вака дрско да се однесуваат, или пак не ја есапат полицијата.

„И во едниот и во другиот случај Спасовски е директно одговорен, дотолку повеќе што ниеден случај не е расветлен и Спасовски постојано како папагал повторува дека истрагата трае, а всушност инцидентите се зачестуваат и стануваат поопасни.. Поради Спасовски подземјето стана надземје во Скопје и завладеа со улиците, трговските центри, угостителските објекти. Граѓаните не се повеќе безбедни. Животот на секој човек е загрозен. Оливер Спасовски да имаше доблест ќе си поднесеше оставка или пак Ковачевски ако беше вистински премиер ќе го разрешеше“, завршуваат од партијата.

На почеток