Додик, кој е претседател на Сојузот на независни социјалдемократи, изјави дека, доколку останатите членови на Претседателството сакаат да го прифатат неговиот предлог ќе има дијалог, бидејќи според него „ако сакаат да направат малку посилна Босна од денешната, ќе мора да го исфрлат високиот претставник“.
„Ќе се обидам со своите дипломатски контакти да обезбедам поддршка. Знам дека Русија прифаќа, дека повеќето земји прифаќаат, дека Србија се сложува, Хрватска се сложува. Уште да се сложи Америка“, кажа Додик.
Тој кажа дека во Босна и Херцеговина постои „стара американска администрација која работи според остатоците од минатото“, но дека ќе се обиде да му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп и да побара негова поддршка.
„Ја ќе побарам тоа да биде официјалниот став на Претседателството, доколку Босна сака да биде суверена и земја со меѓународен капацитет тогаш мора да работи без високиот претставник“, кажа Додик.
Тој објасни и дека ќе побара да нема странци во уставниот суд на БиХ.
„Странците во уставниот суд мора да заминат, тоа ќе биде едно од моите први барања. Ако нема дијалози на таа тема и прифаќања од другите претставници, немам причина јас да прифатам што било што тие сметаат дека треба да се направи“, истакна Додик.
„Јас ќе се обидам да ја зајакнам позицијата на Република Српска во рамки на Босна и Херцеговина како и позицијата на српскиот народ во целост“, порача Додик.
