(Фото) Несреќа во Аеродром на пешачки: паднат велосипед, оставена празна количка за бебе
Од
Објавено на
Несреќа се случи кај „Мајчин дом“ во Аеродром. На пешачки премин, автомобил удрил во лице кое во тој момент поминувало. На булеварот има паднат велосипед, како и насобрани случајни минувачи. Оставена е и празна количка за бебе.
Булеварот „Јане Сандански“ е прооден во две ленти. Присутни се и полициски службеници, кои прават увид.
„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме детали.