Македонија

Мицкоски за Урсула фон дер Лајен: Ако малку го почитува овој народ, треба да излезе со позиција за безусловен почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кога ќе дојде во понеделник, треба да каже дека Македонија безусловно ќе ги почне преговорите со Европската унија. Тој кажа дека тоа е најмалку што може да го направи за да искаже почит кон македонскиот народ.

„Очекувам претседателката на Европската комисија, да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ, иако сум свесен за многуте недостатоци кои ги имаме на домашен план поради корумпираната Влада. На тој начин ќе се оддаде признание на граѓаните и државата изминативе 23 години, од прв кога го потпишавме Договорот за стабилизација и ќе оддаде почит за сите понижувања кои ги истрпи македонскиот народ. Очекувам да оддаде такво признание, пријатно да нѐ изненади. И ако малку го почитува овој народ, ова треба да го направи“, рече Мицкоски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделник ќе допатува во посета на Скопје. Ќе биде дочекана во Владата од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

На почеток