Скопје

Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија

Обезбедувањето на скопски „Водовод“ и членови на Управниот одбор, се степале поради канцеларија за држење состаноци. Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека го расчистуваат случајот. И ова не е првпат канцеларијата да биде проблем помеѓу двата табори. И претходно, таа беше заклучена, а состанокот беше воден во ходник. Се сѐ случувало околу пладне.

„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Минатиот месец, состанокот на Управниот одбор се одржа во ходник. Имаа и за цел да го разрешат директорот Драган Илиевси, по чија наредба е заклучена спорната канцеларија. Членовите на Управниот одбор се со различни ставови од оние кои ги има градоначлничката Данела Арсовска и актуелниот директор.

На почеток