Свет

Двајца израелски полицајци избодени со нож во Ерусалим, напаѓачот убиен

Двајца израелски полицајци избодени со нож во Ерусалим, напаѓачот убиен

Двајца гранични израелски полицајци се ранети утрово во напад со нож во близина на Иродовата порта во Ерусалим, потврди израелската полиција. Еден полицаец е тешко повреден, а другиот полесно. Според извештаите, нападот се случил во близина на израелска полициска станица во главниот град, пишува „Џерусалим пост“.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот бил убиен од полицајци кои реагирале на местото на нападот. Болничарите им укажале помош на двајцата повредени полицајци, пред итно да бидат пренесени во Универзитетскиот медицински центар во Ерусалим на понатамошно лекување. Полициските службеници почнале да собираат докази на местото на настанот и да ја проверуваат областа за да ја отфрлат можноста за други соучесници во нападот.

На местото на нападот отишол и началникот на полицијата Коби Шабтаи.

„Кога пристигнав на местото на настанот, минувачите рекоа дека терористот е неутрализиран“, изјави Елад Ревансери, волонтер на организацијата Обединети Хацалах.

На почеток