Свет

Хуманитарните агенции изгубија контакт со своите работници во Газа

Хуманитарните агенции изгубија контакт со своите работници во Газа

Хуманитарните агенции изгубија контакт со своите работници во Појасот Газа, бидејќи комуникацијата и интернетот повторно беа прекинати во палестинската енклава, поради конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) соопшти дека изгубила контакт со „огромното мнозинство“ нејзини тимови во Појасот Газа, а палестинската Црвена полумесечина, исто така, соопшти дека не е во можност да оствари контакт со хуманитарните работници во областа.

Сите комуникации и интернетот во Појасот Газа се во прекин, соопшти вчера палестинскиот телекомуникациски оператор „Палтел“, наведувајќи дека главната мрежа, која била обновена, повторно била прекината од израелска страна.

Интернет-услугите и комуникациите во Појасот Газа беа прекинати на 1 ноември, но и неколку пати порано од 7 октомври, кога почна конфликтот меѓу Израел и Хамас.

На почеток