Американскиот претседател Доналд Трамп е во добра здравствена состојба, изјави неговиот доктор по четиричасовен преглед.
„Задоволство ми е да соопштам дека претседателот на САД е во добра здравствена состојба и очекувам дека така ќе остане во текот на неговиот мандат, па и подолго од тоа“, изјави докторот Шон Конли.
Здравствената состојба на Трамп во јануари минатата година исто така беше добра, по низа проверки.
Американскиот претседател не е обврзан да прави лекарски прегледи, но тоа стана негова редовна пракса со цел да ја увери јавноста дека е способен да ја извршува неговата работа.