Свет

Грипот однесе четири нови жртви во Босна и Херцеговина, досега починаа вкупно 40

40 лица го загубија животот во Босна и Херцеговина поради компликации кои настанале од грипот. 37 од нив се на територијата на Репубилика Српска.

Како што соопштија здравствените власти во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37.

Новите случаи со смртни последици од грип се пријавени во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка.

На подрачјето на Босна и Херцеговина регистрирани се три смртни случаи предизвикани од компликации настанати од вирусот на грип.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток