Свет

39 лица починаа во Индија бидејќи пиеле ликер кој содржел метанол

Најмалку 39 лица починаа, а 27 се разболеле во неколку села на северот на Индија бидејќи пиеле евтин ликер кој содржел отровен метанол.

Во два различни инциденти во индиската држава Утар Прадеш починале 26 лица, додека 13 лица починале во соседната држава Утараханд.

Полицијата уапсила осум лица кои биле осомничени за криумчарење, а властите суспендирале 35 службеници, меѓу кои се и 12 полицајци.

Смртноста поради консумација на илегално направен алкохол е се поголема, бидејќи дел од населението не може да си ги дозволи познатите брендови, а нелегалните пијалоци често се направени од хемикалии како пестициди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток