Израелските војници убија двајца палестински тинејџери за време на протестот на границата во Газа.
Тинејџерите биле на возраст од 18 и 14 години.
Израелскиот воен портпарол изјави дека денес на границата се собрале повеќе од 6.000 Палестинци, од кои некои фрлале камења и експлозивни средства кои експодирале на територијата на Газа.
Палестинците протестираат секоја недела од март минатата година на границата во Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 220 Палестинци се убиени во протестите.
Израел соопшти дека нема друг избор освен да користи сила против демонстрантите кои се обидуваат да ја поминат границата.