Магазин

Познатиот син дијамант продаден на аукција за 44 милиони долари

Познатиот син дијамант продаден на аукција за 44 милиони долари

Многу редок син дијамант беше продаден за повеќе од 40 милиони евра на аукција на аукциската куќа „Кристи“.

dobivaj vesti na viber

Дијамантот „Блу ројал“ во облик на круша од 17,61 карати достигна продажна цена од 43,8 милиони долари.

Тој е најголемиот живописен син скапоцен камен што некогаш се појавил на продажба во историјата на аукциите, соопшти „Кристи“, според Би-би-си.

Дијамантот бил во приватна колекција 50 години.

Претходно, медиумите пишуваа дека „Блу ројал“ може да стане најскапиот продаден скапоцен камен во светот.

На почеток