Македонија

171 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

171 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 171 возач. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

На почеток