Македонија

Кривична против гостиварец за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на РСМ за 6.186.050 денари

Кривична против гостиварец за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на РСМ за 6.186.050 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 68-годишниот Х.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во текот на 2023 година, при извршени проверки на правно лице – сопственост на пријавениот, било констатирано дека трансакциската сметка била претходно блокирана поради неплатен ДДВ, а пријавениот во повеќе наврати во текот на минатата и тековната година примал парични средства на трансакциска сметка од друго правно лице, исто така, во негова сопственост, со што го оштетил буџетот на РСМ за износ од 6.186.050 денари, соопшти МВР.

На почеток