Македонија

Почина Субрата Рој, контроверзниот бизнисмен кого Груевски го донесе во Македонија

Субрата Рој, контроверзниот индиски бизнисмен кого владата на Никола Груевски го доведе во Македонија како голем инвеститор, почина на 75 години по долго боледување. Тој бил примен во болница во неделата откако му се влошила состојбата поради бројните здравствени проблеми, објави „Хиндустан тајмс“.

Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.

Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис.

Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство. Требаше да се прошири во Македонија, но од тоа нема абер и по десетина години од неговата посета.

На почеток