Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 30-годишниот Б.С., 22-годишниот С.Д. и 32-годишниот Д.Д., сите од Куманово, извести МВР.
„Тие се сомничат дека на 04.11.2023 на улица „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.