На 14 ноември кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги приведоа А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана.
Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.