Скопје

(Фото) „Ова не е улица, ова е кланица“: Страшна несреќа во Аеродром, автомобил е превртен на кров

Страшна сообраќајна несреќа се случи во Аеродром, на улицата Васко Карангелески, едно возило е превртено на кров. Еден од автомобилите кои учествувал во сообраќајката е марка „рено“. Двете возила се со скопски регистарски таблици.

На улицата е дојдена полиција која утврдува причини како се случила несреќата. Не се знае дали има повредени лица.

Скопјанецот Марјан Лазаревски посочува дека сообраќајките зачестиле со пуштањето на новата улица.

„Апел до сите возачи, пешаци и родители – избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите – затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е кланица! Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, споделувајте и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор“, напиша Лазаревски.

Ова е втора сообраќајка во три дена. Претходната се случи на истата раскрсница.

(Фото: Марјан Лазаревски)

На почеток