Скопје

Општина Аеродром: Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата Васко Карангелевски

Општина Аеродром: Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата Васко Карангелевски

По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата што учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата Васко Карангелевски, велат од Општината.

dobivaj vesti na viber

„Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради тоа уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата Васко Карангелевски во насока на поставување соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и на другите учесници во сообраќајот“, соопшти Општината.

„Во оваа пригода уште еднаш ја информираме јавноста дека реализацијата на проектот за улицата Васко Карангелевски е целосна надлежност на Град Скопје и Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром во текот на денешниот ден уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем“, се додава во соопштението.

Макфакс

На почеток