Спорт

(Видео) Македонија на полувреме води против Англија

(Видео) Македонија на полувреме води против Англија

Македонија води по првото полувреме против Англија со 1:0, во последниот меч од овој квалификациски циклус.

dobivaj vesti na viber

Англија доминираше во поседот во првиот дел, Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра има водство.

Англичаните од големиот посед на топката не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.

Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.

Пеналот на Барди во 43.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.

Макфакс

На почеток