Скопје

(Видео) Во паника се разбудија жителите на Ново Лисиче: Запален автомобил, зафатил и околни на паркинг

Сирени на Противпожарна бригада ги разбуди жителите на Ново Лисиче, во близина на булевар „Србија“.

Автомобил се запали, а пожарот се прошири и на соседни возила. Брзата реакција на пожарникарите, спречи поголема катастрофа, бидејќи запалениот автомобил се наоѓа на паркинг на кои има и десетици други возила, паркирани едно до друго.

Пожарот избил околу 6 часот утрово. Жителите кои паркираат во овој дел, веднаш излегле за да ги тргнат возилата од паркингот.

Причините за пожарот, како и дали е подметнат – не се познати. На местото дојде и полиција која прави увид, по што, ќе излезат со детали.

На почеток