Скопје

Аеродром ќе блесне во новогодишни бои, почнати подготовките за украсување на општината

Аеродром ќе блесне во новогодишни бои, почнати подготовките за украсување на општината

На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги почна подготовките за украсувањето, со што кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик, информираат од Општината.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување.

Новогодишното украсување на општината вклучува поставување и украсување централна новогодишна елка, украсување четири помали новогодишни елки, поставување светлосна фонтана и светлосен тунел, како и украсување со новогодишни украси и светилки на неколку локации во општината“, се наведува во официјалната информација.

Во согласност со плановите на Општината, новогодишно украсување ќе биде поставено на парковите „Јане Сандански“, „Тоше Проески“, „Бановина“, „Мичурин“, „Бисер“, „Палма“ и паркот „Авионче“, како и на улицата Островска и на кружниот тек на улицата Коста Новаковиќ.

Дополнително, Општината подготвува и предновогодишен настан, кој ќе трае три дена, а на кој ќе настапат домашни и регионални музички артисти.

Со новогодишното украсување Општина Аеродром го следи примерот на модерните европски градови, каде што со новогодишните декорации и светилки се означува почетокот на новата година. Очекуваме новогодишното украсување и предновогодишниот настан да донесат празнична атмосфера во Аеродром и да бидат причина за радост и среќа кај граѓаните што живеат тука, нагласуваат од Општината.

Макфакс

На почеток