Скопје

Големи протести во Скопје: ќе има посебен режим на сообраќај

Вработените во судската и обвинителската администрација, како и вработените кај Народниот правобранител излегуваат на протест пред Владата. Тие се револтирани поради платите, за кои велат дека се ниски. Веќе посочија дека ако државата остане глува на барањата, тие ќе престанат со работа.

До овие големи блокади доведе покачувањето на функционерските плати за 78%, по одлуката на Уставен суд, но и тоа што со новиот буџет не се предвидени пари за нивни покачувања.

Поради ова, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај кој ќе го спроведува МВР.

На почеток