Македонија

Блинкен и Лавров нема да вечераат заедно, оти рускиот министер слетува околу 22 часот

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, нема да оди на вечера со американскиот државен секретар, Антони Блинкен, и другите делегации дојдени на Самитот на ОБСЕ, бидејќи неговиот авион ќе слета околу 22 часот. Неофицијалниот старт односно вечерата, е закажана за по 19 часот. Истовремено, веќе започнаа и првите средби во Скопје на Блинкен со македонски политичари.

Главното прашање кое се поставуваше е седнувањето на иста маса и средба Блинкен-Лавров. Светските медиуми повикувајќи се на високи претставници од Стејт департментот посочија дека разговори помеѓу двајцата претставници на САД и Руската федерација – нема да има.

Се очекува, Лавров да одржи и засебна прес-конференција во текот на утрешниот ден. Тој го потврди неговото присуство во последен момент, а Македонија овозможи прелет на руски летала за да тој може да дојде на самитот.

На почеток