Македонија

Бликнен со Османи, па на вечера во Палас: Обединети сме за Украина, поздравена е одлуката за Малта да биде преседавач

Одржана е средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Блинкен е во прва посета на Македонија.

„Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи. Поздравена одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024, што претставува значаен успех за нашето претседавање и иднината на ОБСЕ. Посетата е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога го лансиравме Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон“, напиша Османи.

По средбата, Блинкен оди во хотелот Александар Палас, каде ќе се оджри неформалниот почетокот на Самитот на ОБСЕ.

Средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија.
🇲🇰🤝🇺🇸
📌Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи.
📌Поздравена одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024, што претставува значаен успех за нашето претседавање и иднината на ОБСЕ
👉Посетата е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога го лансиравме Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон.

На почеток