Досетки и смеа за Самитот на ОБСЕ: „Вработените во администрација немало да работет, дека иначе ко ќе немат самит се растурет од работа“


Досетки, смеа, коментари, критики на социјалните мрежи. Сето ова на тема „Самит на ОБСЕ во Скопје“. На тапет се најдоа администрацијата, учесниците, како и делегациите. Уште со почетокот на денот, дојдоа првите забелешки и рекации.
Божидар Божиновски, познат сценарист и критичар, напиша: „Ова е самит и на обсе и на нато и на масони, интергалактичка унија, шо се знае овде денешниве светски власти за 10-15 години ќе разберат“, спделувајќи фотографија…
„Каква багра ни дојде на самитов, слободно мојме да кажиме дека ова е најлошото нешто што му се случило на Борис Трајковски…уствари чек…“, напиша Иљче Затаракоски.
„Сите се возбудени за самитот, само Маричиќ за ручекот после самитот“, стои во друг негов статус.
„Вработените во администрација немало да работет дур траел самитот на ОБСЕ. Дека иначе ко ќе немат самит се растурет од работа“, додава Затаракоски.
Коментари и на социјалната мрежа „X“.
„Сеа на СиЕнЕн кажаа за самитот на ОБСЕ во Македонија имаше репортажа како бил перфектно организиран и ова било знак како сме спремни за чекор понатака. Хинт – Европска Унија. Луѓе конечно ке се случи после толку години чекање. Се заебаам бе ништо нема уште сме небитни“, стои во еден од коментарите.
Сеа на СиЕнЕн кажаа за самитот на ОБСЕ во Македонија имаше репортажа како бил перфектно организиран и ова било знак како сме спремни за чекор понатака. Хинт – Европска Унија. Луѓе конечно ке се случи после толку години чекање. Се заебаам бе ништо нема уште сме небитни.
— Ne (@W1zeek) November 30, 2023
Коментар и од корисникот „Бапчо“.
